СТАРОТО ОГНИШТЕ

добро ни дојдовте добри луѓе :)
и да не сте добри, добро ни дојдовте :)

секое зло за добро било, па еве, чунким добро бива :)

групава ја направивме за да остане запишано тоа што огништето го криело и чувало, тоа што знаеме да поделиме, тоа што не знаеме да научиме :)

да ги поделиме сите бабини рецепти за леб, јадења, сапуни, сите дедини градинарски тајни, сите стари сорти на растенија и стари видови домашни животни, традиционални лекови и рецепти за нив, НЕ бабини деветини и бајачки, што се' може да се најде како храна во дивината, да ја избегнеме индустријата, да се вратиме кон природата....

ќе се зборува за тоа што се' е потребно за едно домаќинство за да биде комплетно независно, што може да се произведе во домашни услови, направи сам корисни секојдневни работи, природни матерјали. ќе пишуваме само за испробани работи и искуство, се надеваме дека и вие тоа ќе го правите. не би сакале празни пастирања на линкови кои ни вие не сте ги прочитале ;)

се надеваме дека групава ќе стане извор на информации за сите оние кои сакаат да се вратат на село, а и оние кои го сакаат селото од далеку :))

некои посебни правила нема, освен ПОЧИТУВАЈ ГО СОГОВОРНИКОТ БЕЗ ОГЛЕД НА ТОА КОЛКУ Е НЕГОВОТО МИСЛЕЊЕ ПОРАЗЛИЧНО ОД ТВОЕТО :)