GLUPOSTI 100%--PAJA...

Чукна тапанот, се ближе денот !!! Најискрено ве покануваме на ПРОМОЦИЈА !!!!! Во понеделник, на 2 февруари 2015, со почеток од 20 часот, во салата на Домот на културата “Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, ќе биде промовирана книгата - збирка вицови “Ѕидот на Паја“ на авторот Златко Вузевски.
Златко Вузевски Паја е познат со децении на кавадаречата урбана сцена, позитивец и еден од последните вистински урбани ликови во Кавадарци. Повеќе ќе слушнете на самата промоција.
А на промоцијата, за и околу книгата, на свој начин ќе проговорат и одсвират познати кавадаречки урбани ликови, медиумски креативци, музички и драмски уметници. Втори февруари во Кавадарци ќе биде во знакот на добриот хумор и музика.
Содржината на книгата најдобро ја одсликува самиот автор Златко Вузевски Паја, кој на последните страници од неа меѓу другото ќе запише: “Да се разбериме – најзаслужни за излевањето на ваа книга се 25 иљади членови на фејсбук фан групата “Глупости 100% - Паја“. Нема потреба да се лажиме, ми годе тоа. Посебно шо ја сметам дека вицот е серизона работа и нема заебанции со него. Оти и смеењето е сериозна работа. Треба да имаш душа и троа мозок, па да ти функционира смеалото, ама баш онака од срце...“ https://www.facebook.com/events/1375610262750690/?ref=notif¬if_t=plan_user_invited