ДРУШТВО НА ЛИКОВНИ УМЕТНИЦИ - КАВАДАРЦИ (ДЛУК)

Друштвото на ликовни уметници - Кавадарци (ДЛУК) постои од 1977 година и едно од најстарите Ликовни друштва во Македонија по ДЛУМ.
Голем дел од најпознатите македонски ликовни творци потекнуваат од Кавадарци и се неизбежен двигател на македонската ликовна уметност.
ДЛУК денес е етаблиран ликовен субјект во Кавадарци и Македонија, со бројни контакти во странство. Денешните членови на ДЛУК кои иако се од најразлични генерации и најразлични сликарски техники, се неодминлив фактор во македонската уметност, нивните изложби претставуват настани за кои се зборува, а со својата креативност и активност се дел од бројни настани, перформанси и манифестации.
Дел од членовите на ДЛУК денес творат низ целиот свет, но се редовни и активни членови на Друштвото...
Денес членови на ДЛУК се Ристо Соколов Сокол, Ванчо Кеков, Владимир Темков, Киро Јосифов, Кирил Мукаетов, Глигор Стефанов (Канада), Ружица Јосифова, Димитар Самарџиев, Билјана Соколова, Трајче Јованов, Горан Боев, Маја Ралева Миладиновски, Петар Наневски, Петар Петков, Гоце Давидов (САД), Цветанка Темкова Илова, Цветанка Јованова (Неготино), Елпида Хаџи-Василева (Шкотска), Дакиќ Ранко (Германија), Стефанија Петровска, Васка Дудин (Неготино), Ива Јосифова, Љубица Мешкова Солак (Битола), Томе Филов, Маја Крстева, Александар Нетковски (Скопје), Кирил Казанџиски (Штип), Горан Ѓорев (Демир Капија), Валентина Илијевска (Куманово), Симона Манчева, Трајче Павлов, Ристо Јосифов, Марија Дичова, Соња Самарџиева и др.
Претседател на ДЛУК е Ристо Соколов Сокол, секретар е Марјан Тодоровски.