OzO: Koristenje na "Obelezuvaci" vo rabota so mladi lugje

Во рамките на глобалната кампања „Против говор на омраза на интернет“ предводена од Советот на Европа, Националниот комитет во Македонија (НКМ) редовно организира активности на локално ниво кои имаат за цел да се зголеми свесноста и активнизмот за борбата против говорот на омраза. Македонскиот национален комитет го составуваат неколку организации од Македонија, воедно е и еден од највидливите и најактивните на европско ниво.
Меѓу досегашните активностите на НКМ беше и преведувањето на прирачникот „Обележувачи“ (Bookmarks) на македонски јазик, реализирана во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Прирачникот е исполнет со едукативни активности за препознавање и справување со говор на омраза, промовирање на човековите права на интернет, интернет кампањи и тн. Овој припрачник е наменет за сите кои што диреткно работат со млади луѓе во оваа област.
Центарот за меѓукултурен дијалог како член на НКМ во соработка и поддршка од ОБСЕ Мисија Скопје ja организираат обуката за обучувачи: Користење на прирачникот „Обележувачи“ во работа со млади луѓе.
Обуката ќе се одржи од 15ти до 21ви декември во Охрид и истата ќе вклучи обучувачи кои веќе имаат искуство во работата со млади луѓе. Обуката ќе се фокусира на директна примена на активности од прирачникот „Обележувачи“.