GameDev MK

Група за комуникација, дискусија и споделување искуства и знаење меѓу сите заинтересирани во полето на game development (развој на игри) од Македонија. (потенцијални и/или искусни уметници, продуценти, писатели, програмери, и сл.)

IRC канал на QuakeNet:
Сервер: euroserv.fr.quakenet.org
Канал: #GameDevMK

Основни правила:
- Без спамирање (ова вклучува било какви постови што не се поврзани со полето, тролање и сл.)
- Содржината мора да биде SFW (Safe For Work).
- Задржување до интелигентна, културна и on-topic дискусија.
- Секако, строго придржување до правилата специфицирани од Facebook: https://www.facebook.com/communitystandards

При прашување прашања:
- Добра идеа е да го прочитате следново: http://catb.org/~esr/faqs/smart-questions.html ќе ви помогне да бидете по независни при наоѓање помош и информации.
- Секогаш пред да прашате пребарајте ја групата
-- Пробајте сами, експериментирајте
-- Пребарајте на Google/Bing.
-- Ако не сте нашле помош со претходните обратете се тука, или на некои од сајтовите во погорниот линк.

Споделување на вашите дела и/или игри:
- Ова е дозволено и е една од главните цели на групата, се што правите слободно може да го постирате на групата (до 2 постови дневно).

Постови на само-промоција за нудење сервиси (freelance, outsourcing и сл.):
- Овие постови се секако дозволени, но ограничени на еден пост неделно, почесто постирање од тоа ќе биде проследено со предупредување, а по повторно прекршување - бан.